Здравје за целото семејство — на едно место

Нашиот центар ви нуди разни видови физиотерапевтски методи и техники каде што целта ни е подобрување на психо-физичкото здравје, намалување на болката и подобрување на квалитетот на живот на пациентот.

За нас

Место каде што здравјето на целото семејство доаѓа на прво место.

''Нашата мисија е да ви помогнеме да живеете подобро, со стручен тим што ве води низ секој чекор од процесот.''

Персонализиран пристап

Сертифицирани терапевти

Научно потврдени методи

Современа опрема

7+

Години искуство

300+

Среќни клиенти

100%

Персонализирана грижа

6+

Различни услуги

Стручни консултации

Рехабилитација

Постоперативна рехабилитација

Помагаме да ја вратите силата и подвижноста по операција со персонализиран план за опоравување.

Физиотерапија

Третман на повреди

Стручна физиотерапија за намалување на болка и подобрување на подвижноста.

Спа за бебиња

Нежен почеток за најмалите

Безбедна и смирувачка средина за релаксација и здрав развој од најрана возраст.

Запознајте го нашиот стручен тим

Рита Синани Халими

Дипломиран физиотерапевт и специјалист за ортопедска, трауматолошка и хируршка рехабилитација. Основач на „Fit Family“ и „Fit Baby Spa“ – првиот ваков центар во Македонија.

Со модерен и индивидуален пристап кон секој пациент, нејзината работа е насочена кон намалување на болката, подобрување на мобилноста и враќање на функционалноста и квалитетот на животот. Рита е и интернационален инструктор за IASTM техника и активно придонесува во професионалната едукација и развој на современи методи во физиотерапијата.

Физиотерапевт | Едукатор и основач

Анеса Салиху

Лиценциран физиотерапевт со напредни знаења во рехабилитација, мануелни техники и фасцијални третмани. Со бројни сертификати во Zensegrity, Dry Needling и FDM методи, Анеса применува современ и индивидуален пристап за намалување на болка и подобрување на подвижноста. Посветена е на персонализирана грижа и долгорочни резултати за секој пациент.

Физиотерапевт и специјалист за рехабилитација

Игор Николов

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација со долгогодишно клиничко искуство и експертиза во постоперативна рехабилитација, невролошки состојби и спортски повреди. Со пристап базиран на докази, прецизна дијагностика и индивидуално планирани терапии, Д-р Николов им помага на пациентите брзо и безбедно да се вратат во секојдневните активности. Како дел од мултидисциплинарниот тим, тој комбинира современи медицински протоколи со персонализиран пристап за долгорочни резултати.

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација

Семра Нисимова

Студент по медицинска нега со силна основа во физиотерапијата и специјализација за третман на сколиоза преку SEAS методот. Семра комбинира теоретско знаење и практичен пристап за да обезбеди квалитетна и персонализирана грижа за пациентите. Се истакнува со одлична комуникација и посветеност во работата со пациенти од различни возрасти.

Физиотерапевтски техничар

Искуства од нашите клиенти

,,Искуство што ми го промени животот

Ми беше страв дали ќе се опоравам целосно, но добив поддршка на секој чекор. Секој третман беше објаснет и прилагоден. Денес се движам многу полесно и без страв.

- Весна Н.

„Топло ја препорачувам оваа клиника“

На почеток бев скептична, но после првиот третман видов разлика. Бебето е многу помирно и спие подобро. Атмосферата е толку смирувачка што и јас се релаксирам додека сме таму.

- Марија М.

„Повторно на нозе!“

Имав повреда на коленото и мислев дека ќе паузирам долго. Со нивната помош, се вратив на тренинг многу побрзо. Најважно — безбедно и без ризик повторно да се повредам.

- Дрита Л.

„Навистина грижлив тим“

Она што најмногу ми се допадна е вниманието. Не си само уште еден клиент — навистина се грижат. Професионалноста и пристапот се на високо ниво.

- Валон С.

Подготвени сте да се чувствувате подобро?

Од понеделник до сабота, нашиот тим е тука да ви обезбеди персонализиран третман и континуирана поддршка за да закрепнете и да ги постигнете вашите цели.

Следете нé

Copyright 2026. Fit Family Center. All Rights Reserved.